Search

Пријавување на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година

Споделете

Пријавување на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година

Се информираат студентите од сите циклуси на студии дека термините за реализација на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година се:

– Пријавување на испити: од 2.12.2025 г. (00:00 часот) до (заклучно со) 7.12.2025 г. (23:59 часот);

– Полагање на испити: од 8.12.2025 г. до (заклучно со) 15.12.2025 г.

Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година се организира на дел од факултетите при Универзитетот и распоредите за полагање ќе бидат истакнати само на тие факултети.

Факултети за кои важи сесијата (прв циклус студии): Економски факултет, Земјоделски факултет, Музичка академија, Машински факултет, Технолошко-технички факултет и Факултет за информатика.

Факултети за кои важи сесијата (втор циклус студии): Економски факултет, Земјоделски факултет, Музичка академија, Машински факултет, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за природни и технички науки и Факултет за образовни науки.

Факултети за кои важи сесијата (трет циклус студии): Економски факултет, Земјоделски факултет, Музичка академија, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за природни и технички науки.

Потребни уплати за пријавување на испити за прв циклус студии

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус студии:

Приходна шифра Сума
723013 520
Административна такса 50

520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.