Пријавување на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година
Се информираат студентите од сите циклуси на студии дека термините за реализација на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година се:
– Пријавување на испити: од 2.12.2025 г. (00:00 часот) до (заклучно со) 7.12.2025 г. (23:59 часот);
– Полагање на испити: од 8.12.2025 г. до (заклучно со) 15.12.2025 г.
Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година се организира на дел од факултетите при Универзитетот и распоредите за полагање ќе бидат истакнати само на тие факултети.
Факултети за кои важи сесијата (прв циклус студии): Економски факултет, Земјоделски факултет, Музичка академија, Машински факултет, Технолошко-технички факултет и Факултет за информатика.
Факултети за кои важи сесијата (втор циклус студии): Економски факултет, Земјоделски факултет, Музичка академија, Машински факултет, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за природни и технички науки и Факултет за образовни науки.
Факултети за кои важи сесијата (трет циклус студии): Економски факултет, Земјоделски факултет, Музичка академија, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за природни и технички науки.
Потребни уплати за пријавување на испити за прв циклус студии

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус студии:
| Приходна шифра | Сума |
| 723013 | 520 |
| Административна такса | 50 |
520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава
Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.

