Search

Еразмус + мобилност за вработени 2026

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:

Мобилности за вработени

Конкурсот е отворен за:

  • 5 мобилности за нaставнички кадар;
  • 3 мобилности за административен кадар.

Мобилноста во високообразовните институции во Европската Унија и во партнерските земји на ЕУ трае најмалку 2 (два), а најмногу 5 (пет) работни дена. Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип и универзитети/институции од земји од Европската Унија или од програмски земји во рамките на Еразмус + програмата.

Доделените мобилности треба да бидат реализирани најдоцна до 31.7.2026 година.

Условите за конкурирање за Еразмус+ мобилност за настава и за обука на Универзитетот „Гоце Делчев“ се следните:

А) Услови за конкурирање за Еразмус + мобилност за настава и за обука:

  • Право на пријавување имаат сите вработени (наставнички, соработнички и административен кадар) на Универзитет „ Гоце Делчев “ – Штип;
  • Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат;
  • Предност имаат кандидатите кои прв пат аплицираат на програмата;
  • Вработените кои конкурираат за Еразмус + мобилност за настава треба да имаат отворен профил на ORCID и Google Scholar верифициран со службената електронска пошта и со афилијација на Goce Delcev University.

Б) Потребни документи за конкурирање за Еразмус + мобилност за настава и обука: 

 

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат:

Документите се доставуваат лично до Oдделението за меѓународна соработка.

Одделение за меѓународна соработка (Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Конкурсот е отворен од 30 јануари до 13 февруари 2026 година.

  • Прием на документи: секој работен ден од 10:30 до 12:30 часот.

Апликациите испратени по електронски пат или подоцна од рокот наведен во Конкурсот нема да бидат разгледани.

Еразмус + мобилност за вработени 2026 (.pdf)