Search

СООПШТЕНИЕ ЗА ДОКТОРСКИ СЕМИНАРИ

Споделете

(2 март 2026 г. и 15 април 2026 г.)

Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржат докторски семинари со физичко присуство:

  • на 2 март 2026 г. во конференциската сала на Кампус 2, трети кат, со почеток во 12 часот;
  • на 15 април 2026 г. во конференциската сала на Кампус 2, трети кат, со почеток во 12 часот.

 

За семинарот на 2 март 2026 г. пријавите и презентациите да се достават и да потврдат присуство студентите и менторите на е-пошта: saska.atanasova@ugd.edu.mk (Сашка Атанасова) до 26 февруари 2026 г.

За семинарот на 15 април 2026 г. пријавите и презентациите да се достават и да потврдат присуство студентите и менторите на е-пошта: saska.atanasova@ugd.edu.mk (Сашка Атанасова) до 9 април 2026 г.

Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.

Школа за докторски студии

М-р Светлана Попова,

секретар на Школа за докторски студии