Search

На Филолошкиот факултет презентирани можностите за ДААД стипендии за студирање во Германија и во Австрија

Споделете

Претставници на Германската асоцијација за академска размена (ДААД) и од Австрискиот лекторат одржаa презентации за стипендии за сите заинтересирани студенти на Филолошки факултет.

     – Целта на оваа презентација е да се прикажат можностите што ги нудат германската и австриската влада за нашите студенти, за стипендирање, а со тоа да се побуди поголем интерес и да се популаризира и актуализира Филолошкиот факултет и воопшто студирањето на странски јазици. Како гости на Филолошкиот факултет денес се колешките и долгогодишни пријатели од Германската асоцијација за академска размена, госпоѓата Сузан Вејсели, госпоѓата Сара Кригел и Бесим Алили од Австриската асоцијација за меѓународна соработка и за високо образование. Тие ќе ги прикажат можностите за нашите студенти за стипендирање во рамките на фондациите од нивните држави кои се нудат за нашите студенти. Тука спаѓаат како краткорочни така и долгорочни стипендирања, истражувачки проекти, едносеместрални стипендии, стипендии за подготовка на магистерски и докторски студии –  изјави проф. д-р Билјана Ивановска, раководителка на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошки факултет при УГД.

Сузан Вејсели, лектор од Германската асоцијација за академска размена (ДААД), се надева дека студентите ќе ја искористат можноста што ја нудат стипендиите ДААД. Презентацијата ќе овозможи запознавање со условите за аплицирање за стипендиите, како и поволностите кои ги има за студентите, а потоа ќе се одржи и работилница со студентите по германистика.