Search

Мојот пат кон успехот со УГД – Викторија Анѓелова

Име и презиме: Викторија Анѓелова
Факултет и студиска програма: Земјоделски факултет, студиска програма Биологија
Споделете

Животно мото: „Секој предизвик е можност да докажам дека можам повеќе”.

Мојот рецепт за успех: Мојот рецепт за успех не е тајна, туку комбинација од упорност, дисциплина и верба во себе. Како што секое семе бара грижа за да прерасне во плод, така и знаењето бара посветеност и време. Верувам дека со упорност, позитивен став, посветеност и правилен пристап, успехот расте – чекор по чекор.

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Патот кон успехот како студент на Земјоделски факултет е исполнет со предизвици кои бараат трпение и посветеност. Еден од најголемите е совладувањето на обемниот материјал и практичната работа на терен, која секогаш не оди според планот. Природата е непредвидлива, а тоа нѐ учи да бидеме флексибилни и истрајни. Често се соочуваме и со сомнеж во себеси, но токму преку тие моменти растеме и зацрстуваме.

Факултетот и насоката ги избрав затoa што: Факултетот и насоката ги избрав затоа што ги сакам природата и животот. Сакав да стекнам знаење кое не само штo ќе ми помогне да се развивам како личност, туку и да придонесам кон подобрување на производството на храна и заштитата на животната средина. Оваа насока ми нуди можност да учам преку практика, да бидам во допир со природата и да се стекнам со вештини кои се важни за иднината.

Со УГД се дружев: Во текот на четиригодишните студии се стекнав до доста пријателства. Универзитетот „Гоце Делчев“ го препозна и награди мојот труд со Пофалница за најдобро дипломиран студент во 2025 г.

Праксата на УГД како составен дел од студиите, ја остварив во: „Уни-сервис агро” при Земјоделски факултет – Штип и во компанијата „Ирибов МК” – Виница.

Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Професорите и целиот колектив на Земјоделски факултет беа значаен дел во текот на нашето студирање. Тие беа со нас во секој предизвик и секогаш достапни за нас во секое време. Од професорите добивавме разбирање, љубов, внимание и бескрајна мотивација која ни помогна да успееме на крајот.

Совет за младите како идни студенти: Не се откажувајте! Никогаш! Дури и кога е најтешко. Секој предизвик е само уште една лекција која ве прави посилни и подготвени за иднината. Со секој мал чекор вие сте поблиску до вашата цел, а успехот ги наградува само оние кои не се откажуваат.