Search

Настава по предметот Спорт и рекреација

Споделете

Почитувани студенти,

Ве информираме дека наставата по предметот Спорт и рекреација во зимскиот семестар во академската 2026/2027 година за редовните студенти во прва година на сите студиски програми на Факултет за медицински науки, Факултет за образовни науки, Економски факултет, Машински факултет, Филолошки факултет и Ликовна академија ќе се реализира преку индивидуален избор на секој студент на минимум осум активности од понудените термини во листата подолу.

Значајни датуми:

  • 1.10 – 15.10.2026 година – Избор на активност и термин за реализација преку скенирање на QR код или преку пристап на следниов линк: https://forms.cloud.microsoft/e/PSxV5QtPmS
  • 19.10.2026 година, почеток на наставата согласно со избраниот термин.

 

Предлог-активности:

Распоред на активности Спорт  и рекреација
Ден Време Активност
22.10.2026 12:00 -13:00 ч. Функционален тренинг/Боречки спортови и самоодбрана
27.10.2026 12:00 -13:00 ч. Функционален тренинг/Боречки спортови и самоодбрана
29.10.2026 12:00 -13:00 ч. Аеробик/ функционален тренинг
  2.11.2026 14:00 -15:00 ч. Спортски игри
  3.11.2026 12:00 -13:00 ч. Функционален тренинг/Боречки спортови и самоодбрана
  4.11.2026 12:00 -13:00 ч. Аеробик/ функционален тренинг
23.11.2026 14:00 -15:00 ч. Спортски игри
25.11.2026 12:00 -13:00 ч. Аеробик и функционален тренинг
  1.12.2026 13:00 -14:00 ч. Функционален тренинг/Боречки спортови и самоодбрана
  2.12.2026 12:00 -13:00 ч. Аеробик/функционален тренинг
  9.12.2026 12:00 -13:00 ч. Аеробик/функционален тренинг
10.12.2026 13:00 -14:00 ч. Функционален тренинг/Боречки спортови и самоодбрана
14.12.2026 14:00 – 15:00 ч. Спортски игри
16.12.2026 12:00 -13:00 ч. Аеробик/ функционален тренинг
17.12.2026 13:00 -14:00 ч. Функционален тренинг/Боречки спортови и самоодбрана
Дополнително ќе бидат организирани две активности во природа. Истите ќе се организираат за време на викенд. Термините ќе бидат објавени дополнително.

 

Важни насоки за наставата:

  • Наставата е задолжителна за сите редовни студенти на наведените факултети;
  • Во една работна недела може да одберете само една активност;
  • Активностите ќе се реализираат во Спортската сала „Јордан Мијалков“;
  • Пред секоја активност дојдете 10 мин. пред наведениот термин, во спортска опрема, чисти патики;
  • Секој студент треба да си носи вода и подлога/пешкир за активностите кои ќе се реализираат на под (пр.: истегнување);
  • Не носете вредни работи со себе;
  • За активностите во природа ќе има дополнителен термин.

 

За сите дополнителни прашања, контактирајте нѐ на следниве е-адреси: biljana.popeska@ugd.edu.mk, zarko.arsovski@ugd.edu.mk

Со почит,

проф. д-р Билјана Попеска