Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека термините за реализација на испити во Октомвриска (дополнителна) испитна сесија 2026 година се:
– Пријавување на испити: од 13.10.2026 г. (00:00 часот) до (заклучно со) 16.10.2026 г. (23:59 часот);
– Полагање на испити: од 19.10.2026 г. до (заклучно со) 23.10.2026 г.
Октомвриска (дополнителна) испитна сесија 2026 година се организира на дел од факултетите при Универзитетот и распоредите за полагање ќе бидат истакнати само на тие факултети.
Факултети за кои важи сесијата: Земјоделски факултет, Ликовна академија, Машински факултет, Музичка академија, Технолошко-технички факултет, Факултет за информатика, Факултет за природни и технички науки, Факултет за туризам и бизнис логистика и Филолошки факултет.
Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус студии:

Напомена:
- Студентите потребните средства за испит (износи од 20 или 320 денари за редовна сесија, односно 320 и 620 денари за дополнителна сесија) ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
Computer engineering and technologies – Студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113.
- Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).
Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус студии:
| Приходна шифра | Сума |
| 723013 | 520 |
| Административна такса | 50 |
520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава
Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.


