Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 22 април 2026 година ќе го одржи традиционалниот Отворен и кариерен ден, наменет за средношколци, студенти и сите заинтересирани кои сакаат да се информираат за студиските програми и можностите за кариерен развој.
Настанот ќе се одржи на т.н. еднонасочна улица „Ванчо Прке“ во Штип, со почеток во 11.00 часот.
Програма на настанот:
- 11:00 часот – Вмрежување со компании и факултети
- 11:15 часот – Пригодни обраќања
- 13:00 часот – Музички настап и коктел
Што ќе биде достапно за посетителите?
Посетителите ќе имаат можност директно да се информираат за:
- студиските програми на УГД и условите за запишување;
- студентскиот живот и академската понуда;
- разговори со професори, асистенти и активни студенти;
- меѓународни размени преку програмата Еразмус+ и Алијансата ACE²-EU;
- практична работа во модерни лаборатории и стартап центри;
- можности за пракса и вработување преку присутни компании.
Дополнително, настанот ќе овозможи директен контакт со претставници од приватниот сектор, со цел младите да добијат реална слика за потребите на пазарот на труд и потенцијалните кариерни насоки.
Цел на настанот
Отворениот и кариерен ден има за цел да им помогне на идните студенти да донесат информирана одлука при изборот на факултет и студиска програма, како и да воспостават први професионални контакти уште пред почетокот на студиите.
Настанот е отворен за сите заинтересирани посетители.




