Search

Соопштение за упис на непарен семестар во учебна 2026/2027 година

Споделете

Се информираат студентите од прв,  втор и трет циклус на студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2026/2027 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во периодот од 10.07.2026 до 25.09.2026 година.

Напомена: Студентите кои веќе имаат услов за повисока студиска година, запишуваат апсолвентски семестар или запишуваат година по втор или повисок пат (и не планираат пријавување на испити од предмети кои ќе се презапишат во тековните сесии), може да го сторат тоа без влијание на тековната и претстојните сесии. Оние што очекуваат да исполнат услов во претстојните сесии во август/септември, запишувањето на семестар е потребно да го реализираат по полагањето на испити (и добивање на оцени) од Септемвриска (двојна) испитна сесија 2026 година. Во прилог е легенда на потребните уплати за:

  • Прв циклус – сите можни случаи на упис на непарен семестар, во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање, кои е потребно да се реализираат при упис на непарен (1, 3, 5, 7, 9 и 11) по прв пат или повисок пат, и
  • Втор и трет циклус на студии – непарен семестар по прв пат.

 

Прв циклус на студии:

*1300 денари (723019) = 100 денари (Тетратки, шифрарници и обрасци за сите писмени испити во текот на годината) + 300 денари (Надомест за солидарна одговорност) + 300 денари (Надомест за книжен фонд) + 500 денари (Упис на семестар) + 40 денари (Розов лист) + 30 денари (Семестрален лист) + 30 денари (ШВ – 20)

** 910 денари (723119) = 760 денари (ИКСА) + 150 денари (Студентски правобранител и Студентски парламент)

Напомена:

  • General medicine и Pharmacy– уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113 (најмалку ½ од износот кој е предвиден за цел семестар);
  • Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација најмалку ½ од износот кој е предвиден за цел семестар) + останати трошоци на приходна шифра 723113 + административна такса

*1300 денари (723019) = 100 денари (Тетратки, шифрарници и обрасци за сите писмени испити во текот на годината) + 300 денари (Надомест за солидарна одговорност) + 300 денари (Надомест за книжен фонд) + 500 денари (Упис на семестар) + 40 денари (Розов лист) + 30 денари (Семестрален лист) + 30 денари (ШВ – 20)

** 910 денари (723119) = 760 денари (ИКСА) + 150 денари (Студентски правобранител и Студентски парламент)

*1300 денари (723019) = 100 денари (Тетратки, шифрарници и обрасци за сите писмени испити во текот на годината) + 300 денари (Надомест за солидарна одговорност) + 300 денари (Надомест за книжен фонд) + 500 денари (Упис на семестар) + 40 денари (Розов лист) + 30 денари (Семестрален лист) + 30 денари (ШВ – 20)

** 910 денари (723119) = 760 денари (ИКСА) + 150 денари (Студентски правобранител и Студентски парламент)

ВАЖНО: За презапишување на предметите од семестарот и предметите кои се преостаната обврска, дополнително е потребно да се располага со сума:

Редовни студенти во државна квота: 100 денари (цена на кредит) * број на кредити (на предметот/ите кој/и се презапишуваат) на приходна шифра 723019

Редовни студенти во квота со кофинансирање и вонредни студенти: 200 денари (цена на кредит) * број на кредити (на предметот/ите кој/и се презапишуваат) на приходна шифра 723019

Странски студенти на студиски програми на македонски јазик: 700 денари (цена на кредит) * број на кредити (на предметот/ите кој/и се презапишуваат) на приходна шифра 723019

Студиски програми на англиски јазик, без ФМН: 1000 денари (цена на кредит) * број на кредити (на предметот/ите кој/и се презапишуваат) на приходна шифра 723113

Студиски програми на англиски јазик на ФМН: 3000 денари (цена на кредит) * број на кредити (на предметот/ите кој/и се презапишуваат) на приходна шифра 723113

 

Потребни кредити за упис на повисок непарен семестар:

–       За упис на 3-ти семестар се потребни минимум 36 кредити;

–       За упис на 5-ти семестар се потребни минимум 90 кредити;

–       За упис на 7-ми семестар се потребни  минимум 150 кредити, и

–       За упис на 9-ти и 11-ти семестар се потребни минимум 210 кредити.

 

Втор и трет циклус на студии:

Запишување на непарен семестар
Приходна шифра Сума
Административна такса 100
723012 Партиципација по семестар
723019 570