Програмата Career Transition Support Macedonia преку Центарот за кариера на УГД – Штип, со поддршка на канцеларот на покраината Северна Рајна Вестфалија (Германија), организира Работилница за подобрување на вештините за аплицирање за работа кои се во полето на интерес на младите лица.
Оваа Работилница претставува прв чекор од програмата за стипендирање на практикантска работа која ќе се реализира во период од 3 до 6 месеци (октомври 2026 – март 2027) и за истата практикантите ќе добиваат месечна стипендија во висина од 250 евра. Истата е наменета за студенти во завршна година на студии – трета и четврта година.
Работилницата ќе се одржи на 3 септември 2026 година (четврток) од 10.00 до 14.00 часот во Тренинг центарот на Правниот факултет при УГД – Штип.
За учество регистрирајте се на следниов линк:


