Search

Кирил Тасев од Музичката академија ќе настапи на Концертот „Звукот на идните генерации“

Споделете

Студентот Кирил Тасев, од класата на проф. м-р Златка  Митева на Музичката академија при УГД, ќе настапи на Концертот под наслов „Звукот на идните генерации“.

Концертот ќе се одржи  во Македонска филхармонија на 11 јуни во четврток во 20 часот, во големата сала на Филхармонија.

Како солист со Македонска филхармонија, студентот Кирил Тасев ќе настапи со Концертот за флејта и оркестар од Франсоа Девиен бр. 7 под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Влезот е слободен.

Со почит,

Музичка академија