Search

Покана за дискусија со амбасадорот не Европската Унија во Северна Македонија

Споделете

На 10 јуни 2026 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домаќин на значаен настан – дискусија со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас.

Настанот ќе се одржи во свечената сала на Правен факултет – УГД од 14.30 часот.

Ова е одлична можност за студентите, младите и академската заедница директно да разговараат за европските перспективи, можностите што ги нуди Европската Унија, образованието, младинските политики и предизвиците со кои се соочува новата генерација.

Ги покануваме сите заинтересирани да бидат дел од оваа отворена дискусија и заеднички да придонесеме кон градење на европска иднина заснована на знаење, дијалог и соработка.