Search

Завршен настан од BIP програмата во МКЦ

Споделете

Ве покануваме на завршниот јавен настан од Комбинираната интензивна програма (BIP) „Уметноста и кореографијата како алатка за социјална трансформација“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на европската алијанса ACE²-EU.

Низ еднонеделна интензивна работа, меѓународен ансамбл од студенти и ментори од повеќе европски универзитети ги преточија архивските материјали и сведоштвата за работничките права (во соработка со „Гласен Текстилец“ / КУЦ „Текстил“) во современа уметничка визија, движење и сценографија.

Детали за настанот:

  • Наслов: Embodied dialogues for change
  • Датум: Петок, 4 септември 2026 година
  • Час: 20:00 часот
  • Локација: Младински културен центар (МКЦ), Кино Фросина – Скопје

Тим и автори:

  • Кореографија: Адријана Данчевска Ровчанин, Ilze Zirina и студентите
  • Сценографија: Јана Јакимовска & студентите
  • Текст: Julie Ann Marsden & студентите
  • Стејкхолдер: Гласен Текстилец

 

Ве очекуваме заедно да го проследиме овој интердисциплинарен перформанс каде што младешкиот уметнички активизам го отвора прашањето за социјалната трансформација и работничките права.

Влезот е слободен.