По успешно завршената онлајн фаза во септември во Скопје официјално започна онсајт делот од меѓународниот курс Civilian Contingency Planning: C2PE BISR во рамки на програмата Applied Blended Challenge (ABC) од Европската универзитетска алијанса ACE2EU.
Настанот, кој ќе трае до 9 октомври, ги собира на едно место студентите и експертите од партнерските универзитети од Северна Македонија, Шпанија и Австрија.Во текот на оваа недела, учесниците работеа и ќе продолжат да работат на симулации на реални кризи — од сајбер-напади и прекини во снабдувањето со струја (blackouts), до поплави и хибридни закани. Програмата опфаќа теренски посети, практични вежби и директна соработка со претставници од цивилната заштита, одбраната и безбедносните институции.
Организатори на настанот се Универзитетот „Гоце Делчев“ и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ од Северна Македонија, во соработка со Universidad Francisco de Vitoria во Шпанија и Carinthia University of Applied Sciences во Австрија.


