Во текот на програмата, учесниците од девет земји ги преточија своите културни сеќавања, приказни, симболи, бои и текстури во заеднички наративи и експериментални дизајнерски концепти.
Преку соработка и креативна размена, тие ги истражуваа врските меѓу своите градови и развија заеднички визуелен јазик.Дизајните беа создадени под менторство на проф. Екатерина Намичева-Тодоровска и проф. Ванѓа Димитриjева-Кузманоска.
Им благодариме на сите студенти за нивната креативност, отвореност и посветеност. Работилницата заврши, но идеите и врските создадени во текот на овие денови ќе продолжат да се развиваат.


