Search

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Споделете
Ги информираме сите студенти на кои им се потребни уверенија и потврди за аплицирање на актуелниот конкурс за стипендии на Министерството за образование и наука дека можат непосредно да се обратат до студентските служби на матичните факултети.

Потребната документација ќе им биде издадена независно од моменталната недостапност на електронските системи ⏱️.
Податоците за студентскиот оброк и студентски автобуски билети (за студентите кои студираат на кампусот во Скопје) се доставуваат навремено до соодветните надлежни инстанци.
Ви благодариме за разбирањето 🤝.
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип