Search

Виртуелно кафе на ACE²-EU: Водич низ можностите за мобилност во рамките на Алијансата

Споделете

Алијансата на европските универзитети ACE²-EU организира нов настанот од серијата Виртуелно кафе (Virtual Coffee Call #33) под наслов „Sip & Go! Your Guide to Staff Mobility in ACE²-EU“, кој ќе се одржи утре, 4 ноември 2026 година, со почеток во 14:00 часот преку платформата Zoom.

Настанот е наменет за академскиот и административниот кадар на универзитетите членки, со особен фокус на нововработените и сите кои сакаат активно да се вклучат во меѓународните активности и програмите за мобилност на Алијансата.

На ова издание на Виртуелното кафе како говорници ќе учествуваат претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип:

  • Сања Максимова, раководител на Канцеларијата за меѓународна соработка и институционален координатор на ACE²-EU за УГД, која ќе ги претстави можностите, перспективите и професионалниот развој преку мобилноста во рамките на Алијансата;
  • проф. д-р Даниела Коцева, редовен професор на УГД и институционален раководител на Работната група 4 (WP4), која ќе ги сподели личните искуства и практичните перспективи од досегашното активно учество.

 

Програмата опфаќа презентација на административните процедури, чекорите за аплицирање, како и отворена сесија за прашања и одговори (Q&A) каде што учесниците ќе можат да добијат корисни совети и насоки за своите идни меѓународни размени.

Сите заинтересирани членови на академскиот и административниот кадар на УГД можат да се приклучат на следниов линк:  https://us06web.zoom.us/j/88226570027?pwd=UBaEI07lrDRPLeBN4kayEPjYQCc4B3.1