Search

Ден на Универзитетската алијанса ACE2-EU  на УГД

Споделете

Пред три години, деветте универзитети-членови на Европската алијанса на универзитети ACе2-EU ја започнаа иницијативата што вроди со практична реализација минатата година.

Овој ден беше одбележан на УГД, исто како и на останатите универзитети од Алијансата.

Овој ден го одбележуваат сите членки на Алијансата, три години од идејата и една година од официјалното започнување на проектот. Кои се придобивките? Тие се многу. Прво и основно, ја доближивме на некој начин Европа до нас, високото образование го доближивме, културата, мултикултурализмот, традициите, широкоста и ги експортиравме на некој начин. Она што е македонското го изнесовме надвор, а она што е од странските универзитети и дел од Алијансата го внесовме кај нас преку овој процес на интернационализација. Како го почнавме тоа? Генерално, последнава година, особено во првиот период беше воспоставување на првите солидни структури, начинот на кој ќе ги развиеме процесите, ќе постапуваме, ја осмислувавме институционалната поставеност за да дојдеме до оној прв момент во септември 2025 година кога се втурнавме во таа авантура, односно го организиравме првиот меѓународен фестивал во Инголштад, Калеидоскопот. Тоа беше првиот фестивал на Алијансата, во кој учествуваа и студенти од Музичката академија и ФПТН, и така сите заедно ги поставивме основите и направивме нешто заедничко. Освен овој прв фестивал, продолжуваме со воспоставување на активности, со ABC школите, сите едукативни настани, образовни програми во рамките на Алијансата, кои паралелно течат, веќе имавме во Санта Ремо Португалија, во Романија. Сакам да напомнам дека следнава недела, од 15 до 19 декември, кај нас ќе биде и првата ABC школа, посветена токму на одржливиот развој и на европските политики, права и практики во насока на остварување на одржливи општества“, изјави проректорката за меѓународна соработка на УГД, проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска.

На Денот на ACЕ2-EU присуствуваа и дел од студентите кои учествуваа во досегашните активности, студентите од Музичката академија одржаа музичка програма, а свои дела претставија и студенти од ФПТН.

Ректорот проф. д-р Дејан Мираковски истакна дека студентите на УГД се меѓу најистакнатите во Алијансата, што е секако гордост, и ги повика да учествуваат и понатаму во активностите кои ќе се реализираат.