Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

1 октомври – прв академски час на УГД

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 1 октомври 2025 година ќе го одржи првиот академски час „Бруцошка на УГД“, со што официјално ќе се одбележи почетокот на новата академска година. Настанот ќе се одржи на платото пред Економски факултет, со почеток во 11 часот.

Академскиот час, кој традиционално е наменет за пречек на новата генерација студенти, ќе биде збогатен со инспиративни говори, музички настапи и интеракција со студентите. По официјалниот дел е предвиден и пригоден коктел.

„Бруцошка на УГД“ е симбол на заедничката посветеност кон знаењето, науката и иднината на студентите, а присуството на академската заедница и јавноста ќе претставува поддршка за новата генерација која го започнува своето високо образование.