Search

Амбасадорката на Холандија во посета на УГД

Споделете

На 16 април 2026 година (четврток), со почеток во 13 часот, на Правниот факултет ќе се одржи предавање на тема „Каква иднина посакувате?“, кое ќе го одржи aмбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел.

Амбасадорката претходно ќе има работна средба со раководството на Факултетот за разгледување на можностите за евентуална соработка.

Настанот е отворен за сите заинтересирани студенти и посетители.