Search

V Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“ (АНП 2026)

Споделете

Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го организира V Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“ (АНП 2026), кое ќе се одржи на 16 април 2026 година во просториите на Земјоделски факултет во Штип.

V Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“ (АНП 2026) се организира со цел да ги вклучи сите релевантни чинители од земјоделскиот сектор за размена на знаење, искуства и предизвици. Една од главните цели е воспоставување мост и овозможување силна комуникација помеѓу научноистражувачката и практичната работа во земјоделството, како во нашата земја, така и пошироко, со што на настанот му се дава меѓународна димензија.

Главна цел на Советувањето е поврзување и промоција на научните достигнувања и практичните знаења во рамките на тематските области.