Search

Се одбележуваат 123 години од смртта на Гоце Делчев

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Општина Штип, ќе ја одбележи 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев со пригодна свеченост што ќе се одржи на 4 мај 2026 година.

Настанот ќе започне во 11 часот пред Ректоратот на Универзитетот, во кампусот во Ново Село, каде што се наоѓа спомен-релјефот на Делчев. Во рамки на програмата е предвиден настап на академскиот хор при Музичката академија, со изведба на државната химна и химната на Универзитетот, под диригентската палка на професор Тоше Митрев.

Свеченоста ќе биде збогатена и со музички настап на студентите од класата по народни инструменти, под менторство на проф. м-р Марјан Јанковски, по што ќе следува полагање цвеќе пред спомен-релјефот на Гоце Делчев.

Со овој настан, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Општина Штип ќе оддадат почит на ликот и делото на еден од најзначајните македонски револуционери, чија идеја за слобода и напредок и денес претставува инспирација за новите генерации.