Почитувани студенти и вработени,
Универзитетскиот спортски и културен центар при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со ПД „Лисец“ – Штип, организира планинарска тура на планината Плачковица, со искачување на врвовите Туртел (1607 мнв) и Црквиште (1693 мнв), како и посета на новата црква „Св. Спиридон“. Турата ќе се одржи на 6.6.2026 г. (сабота).
Во продолжение следуваат неколку важни информации за организацијата:
- Датум: 6.6.2026 г. (сабота).
- Време на поаѓање: 9:00 часот.
- Локација: пред новата Пошта во Штип (локација).
- Превоз: организиран од УГД.
- Опис на планинарската патека: Поаѓањето е од местото наречено „Билборди“ на планината Плачковица. Се движиме по кружна патека: најпрво кон врвот Туртел (1607 МНВ), потоа кон црквата „Св. Спиридон“, и продолжуваме до врвот Црквиште (1693 МНВ), каде ќе уживаме во прекрасни планински глетки и хоризонти. Патеката е целосно покриена со шума и нуди пријатна сенка. По завршувањето, се враќаме на почетната точка „Билборди“, по што со организиран превоз ќе се упатиме кон Планинарскиот дом „Вртешка“, каде што ќе биде обезбеден ручек (топла пилешка чорба). Патеката спаѓа во категорија на лесни патеки, погодна за почетници. Карактеристики на патеката:
-
- Должина: 14 км (во двата правци)
- Елевација: 500 м
- Времетраење: 4–5 часа (во зависност од темпото на групата).
- Потребна опрема. Секој учесник треба да поседува соодветна опрема:
- Планинарски чевли
- Ранец и планинарски стапчиња
- Удобна спортска облека (по можност слоевита)
- Шушкавец или дуксер кабаница, капа и очила за сонце
- Вода (минимум 1 литар)
- Храна (еден оброк по сопствен избор; ручекот е обезбеден)
Линк за пријавување: Планинарска тура на планината Плачковица / Mountaineering tour on Mount Plackovica – Fill in form (пријавување до 1.6.2026 г.)
Ве очекуваме на заедничко дружење и уживање во природата!
Со почит,
Универзитетскиот спортски и културен центар


