Во соработка со Центар за трансфузиона медицина – Штип и Црвен крст – Штип ќе се организира Крводарителска акција со студентите од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Крводарителската акција е закажана за 28 мај 2026 година, во просториите на Кампус 2 од 9 до 15 часот.
Акцијата има за цел подигнување на свеста за значењето на доброволното крводарување, поттикнување на хуманите вредности кај студентите и обезбедување доволни количини крв и крвни компоненти за потребите на пациентите.
Се очекува активно учество на студентите и успешна реализација на акцијата, со што ќе се даде значаен придонес во поддршка на здравствениот систем и пациентите на кои им е потребна трансфузија.


