Утре (10 март 2026 г.) во 12 часот ќе одржи презентација госпоѓа Сузана Пешиќ од Амбасадата на Република Франција.
Презентацијата ќе биде на тема „Запознајте ја Франција и можностите за образование и научноистражувачка соработка“.
Ве покануваме на презентација посветена на Франција, нејзиниот образовен систем и можностите што ги нуди во областа на високото образование и научноистражувачката работа.
На презентацијата ќе бидат претставени:
- францускиот високообразовен систем и различните типови високообразовни институции;
- можностите за студирање и академска мобилност;
- програмите за стипендии и научноистражувачка соработка;
- практични информации за студентскиот и академскиот живот во Франција.
Презентацијата е наменета за студенти, млади истражувачи, наставници и сите заинтересирани академски граѓани кои сакаат да се запознаат со можностите за образование и научна соработка со Франција.
📍 Место: Тренинг центар (Правен факултет)
📅 Датум: 10 март 2026 г.
🕛 Време: 12:00 часот
Добредојдени се сите заинтересирани.


