Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

Повик за студенти – Пријавете се во Student Advisory Body на УГД – Штип

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како дел од Европската универзитетска алијанса ACE2EU, објавува Повик за избор на студенти кои ќе бидат членови на Student Advisory Body (SAB) – тело што ќе има клучна улога во обликување на студентските политики и активности во рамки на алијансата.

Избраните студенти ќе добијат можност да учествуваат во креирање на студиски програми, европски иницијативи и мобилности, како и да ги претставуваат интересите на колегите од УГД на европско ниво.

Кој може да аплицира?

  • Редовни студенти на прв, втор или трет циклус студии;
  • Мотивирани за меѓународна соработка и студентска мобилност;
  • Со познавање на англиски јазик (B1 ниво или повисоко);
  • Комуникативни и одговорни, со подготвеност за активна соработка.

 

Што добиваат студентите?

  • Можност за учество во европски проекти, работилници и состаноци;
  • Подобрување на лидерски, комуникациски и организациски вештини;
  • Поголема видливост и практично искуство за подобро CV;
  • Предност при студентски мобилности во рамки на алијансата.

 

Краен рок за пријавување: 15 септември 2025 год.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.