Search

Професори и студенти од УГД на Меѓународна работилница за претприемништво во Инголштад

Споделете

Студенти и професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваат на Меѓународна работилница за претприемништво, која се организира на Техничкиот универзитет во Инголштат, во рамки на Европската универзитетска алијанса ACE2EU.

На настанот учествуваат повеќе од 40 студенти од 9 земји и универзитети, што претставува одлична можност за вмрежување, размена на знаења и презентација на бизнис-идеи.

Во рамки на тридневниот настан, студентите имаат можност да присуствуваат на предавања од искусни и успешни претприемачи од ЕУ, да учествуваат на интерактивни сесии каде што ги презентираат своите бизнис-идеи и дискутираат за нивното потенцијално финансирање. Истовремено, тие имаат можност да се запознаваат со можности за обуки, тренинзи и меѓународни мобилности наменети за млади истражувачи и претприемачи, како што се Erasmus for Young Entrepreneur и Young Entrepreneurs in Science.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, преку учеството во активностите на ACE2EU во областа на применетата наука, иновациите и претприемништвото, како и преку сопствени иницијативи, активно гради модерен екосистем за своите студенти. Целта е поттикнување на креативноста на студентите и трансформација на нивните идеи во конкретни стартап компании.