Search
|     contact@ugd.edu.mk

Универзитетските медиуми започнуваат нова дигитална трансформација

Споделете

Универзитетските медиуми во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ (радио, веб, видео ТВ продукција и социјални мрежи) влегуваат во нова фаза на својот развој, а тоа е дигитална трансформација. Новите трендови во медиумскиот сектор доведуваат во неминовна потреба да се трансформира начинот на кој функционираат и универзитетските медиуми.

Универзитетските медиуми се развиваат од 2009 година, со почеток на Универзитетското радио и веб-страниците, потоа се зголеми продукцијата на содржини и преку видеопродукција и ТВ студио, па во текот на годините имаше издавање и на неколку печатени изданија (Универзитетски весник, Студентско ехо и Бруцош магазин).

Во изминатите две години универзитетските медиуми отворија и нови канали на комуникација и редакцијата се трансформираше кон дигитално прво (digital first) преку новата веб-страница за млади и од млади www.goce.mk, кој креираше комплетно нов бренд идентитет поблизок до младите. Ова резултираше и со голем интерес на студенти да партиципираат и слободно да го искажуваат своето мислење преку овој медиум кој е поддржан од Универзитетот.

– Универзитетот останува посветен на развој на нови и иновативни медиуми каде што студентите по медиумски студии, но и сите останати студенти ќе можат да практикуваат медиуми, новинарство, социјални мрежи, фотографија, видео и графички дизајн, а воедно и слободно да го изразуваат својот став и мислење преку креирање на различни медиумски содржиниизјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Следната фаза е целосна дигитализација на Универзитетското радио преку современи платформи, присуство на радиото на сите интернет платформи за радио стриминг (tune in, radio garden, spotify).  УГД ФМ останува како интернет радио канал каде што се дистрибуираат сите информации поврзани со студентите, Универзитетот и академската заедница, а воедно се трансформира во канал со само македонска музика.

Во блиска иднина отворање на две комплетно нови интернет радиостаници. Едното е УГД Класик радио за џез, класична и сериозна музика, а другото е УГД Поп радио со популарна музика и наменето за тинејџери и млади луѓе.

Универзитетските медиуми остануваат отворена редакција во којашто на годишно ниво веројатно гравитираат најголем број студенти за воннаставни активности.

Воедно, веб-страниците и социјалните мрежи како официјален канал на Универзитет „Гоце Делчев“, исто така, поминаа фаза на редизајн, со цел да ги следат модерните трендови за компатибилност со мобилни уреди, а воедно и да бидат чекор понапред во зголемување на транспарентноста на Универзитетот. Студентскиот весник „Студентско ехо“ продолжува да се издава во дигитална форма преку Катедрата за медиумски студии на УГД.