Студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредено правото на студентот од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.
За својата работа студентскиот правобранител поднесува Годишен извештај до Универзитетскиот сенат. Мандатот на студентскиот правобранител трае две години.
Универзитетското студентско собрание на УГД за студентски правобранител во 2026 година го избра Антонио Василев, студент во четврта година на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, кој со денот на донесувањето на Одлуката се стекнува со мандат во траење од две години.

Контакт:
е-маил: antonio.12942@student.ugd.edu.mk