Search

Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2025 година

Споделете

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Септемвриска двојна сесија:

  • Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2025:
    • Пријавување на испити во Септемвриска прва сесија 2025 е: oд 1.8.2025 год. (00:00 часот) до (заклучно со) 14.8.2025 год. (23:59 часот);
    • Пријавување на испити во Септемвриска втора сесија 2025 е: од 1.8.2025 год. (00:00 часот) до (заклучно со) 6.9.2025 год. (12:00 часот).
  • Полагање на испити во Септемвриска прва сесија 2025: од 18.8.2025 год. до (заклучно со) 7.9.2025 год.
  • Полагање на испити во Септемвриска втора сесија 2025: од 9.9.2025 год. до (заклучно со) 28.9.2025 год.

Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус студии:

Напомена:

  • Студентите потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
    • General medicine – студентите не уплатуваат дополнителни средства за пријавување;
    • Computer engineering and technologies и International law and international relations – студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113.
  • Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус студии:

Приходна шифра Сума
723013 520
Административна такса 50

520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.