Вториот меѓународен симпозиум од областа на фармацијата, викендов се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Научници, практичари и студенти од целата земја се собраа за да ја истакнат улогата на фармацевтот како клучна алка меѓу традиционалната и иновативната терапија.
Симпозиумот е организиран од Одделот за фармација при Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“. Настанот се совпаѓа со одбележувањето на Светскиот ден на фармацевтите, кој оваа година се одржува под мотото: „Помисли здравје, помисли фармацевт“. Со силна порака за важноста на фармацевтите во здравствениот систем, симпозиумот го отвори проф. д-р Катерина Смилков.
– Денес се собравме да ја проследиме програмата на вториот симпозиум во организација на одделот фармација на Факултетот за медицински науки при УГД. Денес симпозиумот работи на темата фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија и има за цел да ги собере фармацевтите од државата, да помогне во нивната едукација, да се разменат искуства. Идејата е да го одбележиме и Светскиот ден на фармацевтите, кој се одбележуваше на 25 септември, кој оваа година е под мотото „Помисли здравје, помисли фармацевт“. Да ја истакнеме во улогата на фармацевтот, како најзначаен и најдостапен здравствен работник, рече Смилков.
Познати професори од Балканот потенцираа дека главната причина за стрес е нездравата исхрана, како и социјалните медиуми. И тие во својот говор ја истакнаа важноста на фармацевтите.
На симпозиумот присуствуваа студенти, професори како од земјава, така и од странство.