Search

Уживајте во природата – Повик за есенска рекреација Штип – Липов Дол на 2 ноември

Споделете

Универзитетскиот спортски и културен центар при УГД, во соработка со планинарското друштво „Лисец” од Штип, ќе учествува на лесна и релаксирана есенска прошетка по една алтернативна патека во околината на Штип – Липов Дол.

Оваа активност ќе се одржи во недела, 2 ноември, со стартно место на Сутилак во Штип, во 9 часот.

Должината на патеката е околу 16 километри. Организаторите ја најавуваат како рекреативна и лесна, целосно маркирана и поволна за сите –  планинари, рекреативци, семејства, љубители на природа.

Планот на оваа есенска прошетка е следен:

Се поаѓа од Суитлак по стариот пат кон селото Липов Дол, каде што се прави краток одмор и разгледување. Во селото има природен извор со вода.

Потоа се преминува реката Отиња и се продолжува кон реката Чепровка, низ предел со тревна и ниска вегетација, по што се стигнува до новоизградениот манастир „Христово Рождество“, каде што има уредена чешма со свежа вода и простор за одмор.

Оттаму следува враќање кон Штип, по патека покрај новата брана во изградба.

За заинтересираните учесници се препорачува да носат удобна спортска облека и обувки, вода и лесна ужина.

Пријавување до 31.10.2025 г. (19 часот) на тел./вибер порака:
Емилија 070-348-845;
Александар 070-210-063.