Амбасадорот на Шведска во Република Северна Македонија, Ола Сулстром, денес беше на средба со младите научни истражувачи од Универзитетот „Гоце Делчев“.
Средбата, иницирана од Амбасадата на Шведска, има за цел Амбасадата да ги посети и да разговара со партнерските институции на Шведска за понатамошната соработка и за можноста што ја имаат младите истражувачи.
Амбасадорот Сулстром на Кампус 2 – УГД се сретна со истражувачи скоро од сите научни области на Универзитетот.
Претходно амбасадорот се сретна и со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, и ги посети лабораториите за квалитет на воздух во кои Кралството Шведска има донирано значајни средства во опрема во рамките на проект со УНДП.
Шведска е долгогодишен партнер на Универзитетот „Гоце Делчев“ преку соработка во делот на мерењето на квалитетот на воздухот и унапредувањето на лабораториите на УГД. Преку оваа и останати соработки УГД моментално е лидер во мерењата и научните испитувања на квалитетот на воздух во државата.


