На 249. седница, одржана на 17 ноември 2025 година, Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип донесе Одлука за ослободување од половина од износот на партиципацијата за талентирани студенти запишани како редовни студенти на прв циклус студии во учебната 2025/2026 година.
Одлуката е донесена врз основа на член 94 од Законот за високото образование и има за цел да обезбеди дополнителна поддршка за студентите кои покажуваат исклучителен академски успех.
Според дефиницијата утврдена во Одлуката, талентиран студент е оној кој при упис во зимскиот семестар ги исполнува следниве услови:
- има освоено најмалку 40 ЕКТС кредити,
- има просечен успех повисок од 9,5.
Ослободувањето од 50% од партиципацијата ќе им овозможи на најуспешните студенти олеснет пристап до високото образование и дополнителна мотивација за постигнување на врвни академски резултати.

