Со овој Конкурс се врши избор на лицата со научни звања и студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ кои се стекнале со право за награда и/или признание за научните/уметничките активности реализирани во 2024 година.
Право на конкурирање на Конкурсот за награди и признанија за научна активност има секое лице избрано во звање на Универзитетот „Гоце Делчев“ и студентите, кои во 2024 година имаат објавено најмалку еден труд со афилијација на Универзитетот „Гоце Делчев“ (напишана согласно со Упатството за пишување на афилијации), во списание индексирано во Scopus или Web of science.
Награди за научни активности се доделуваат во следниве категории:
- Награда за најдобар научник на Универзитетот „Гоце Делчев“;
- Награда за труд објавен во најпрестижно списание (авторот од Универзитетот е на кое било место во трудот);
- Награда за труд објавен во најпрестижно списание (авторот од Универзитетот е на прво место во трудот);
- Награда за научна продуктивност. Наградите се доделуваат во областите: природни науки, технолошко-технички науки, медицински науки и општествено-хуманистички науки;
- Награда за научна цитираност. Наградите се доделуваат во областите: природни науки, технолошко-технички науки, медицински науки и општествено-хуманистички науки;
- Награда за труд на магистранд. Наградите се доделуваат во областите: природни науки, технолошко-технички науки, медицински науки и општествено-хуманистички науки;
- Награда за труд на докторанд. Наградите се доделуваат во областите: природни науки, технолошко-технички науки, медицински науки и општествено-хуманистички науки.
Признание се доделува на еден кандидат за еден труд.
Спроведување на постапката и евалуацијата на научните активности на пријавените кандидати по овој Конкурс ќе ја прави Комисијата за наставна и научна дејност при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Врз основа на критериумите дефинирани во Правилникот за доделување на годишни награди и признанија за научни активности на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Упатството за пишување на афилијации на Универзитетот „Гоце Делчев“, Комисијата изготвува Извештај.
Право на конкурирање на Конкурсот за награди и признанија за уметнички активности има секое лице избрано во звање на Универзитетот „Гоце Делчев“ и студентите, кои во 2024 година има остварено минимум 15 поени од уметнички претставувања. Евалуацијата на активностите прави тричлена комисија врз основа на критериумите дефинирани во Правилникот за доделување на годишни награди и признанија за уметнички активности на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Награди за уметнички активности се доделуваат во следниве категории:
- Награда за најдобар уметник на Универзитетот „Гоце Делчев“;
- Признание за особен уметнички придонес на Универзитетот „Гоце Делчев“;
- Признание за уметнички придонес на Универзитетот „Гоце Делчев“;
- Награда за најдобар млад уметник на Универзитетот „Гоце Делчев“.
По предлог на комисиите, наградите ги доделува ректорот на Универзитетот.
По предлог на Комисијата, се доделуваат признанија на лицата кои го исполниле критериумот за признание.
Пријавувањето на Конкурсот за научни и уметнички активности е електронски, најдоцна до 1.12.2025 г. Кандидатите за евалуација на уметничките активности, доказите од активностите во физичка форма треба да ги достават кај секретарот на Музичка академија.
Линк за пријавување: Пријава за вреднување на научната/уметничката активност на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Fill out form
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип


