Search

ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на редовни студенти од социјално ранливи категории за учебната 2025/2026 година

Споделете

ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на редовни студенти од социјално ранливи категории кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година

  1. Со овој Конкурс се врши избор на редовни студенти од социјално ранливи категории кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година.
  2. Право на конкурирање на Конкурсот има секој редовен студент кој запишал зимски семестар по прв пат на прв циклус студии во учебната 2025/2026 година (во натамошниот текст – апликант) и припаѓа на некоја од следниве категории:
    • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените;
    • починат родител;
    • родител/и кому му е одземено родителското право или е исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и обврски;
    • двајца студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со родители со минимални месечни примања.
  1. Апликантот треба да има креирано кориснички профил на УЈП во ЕППД системот. Во спротивно, нема да се реализира погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година.
  2. Спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој Конкурс ќе ја прави Комисијата за финансии, инвестиции и развој при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и еден претставник на студентите (претседател на Студентски парламент или студентски правобранител).

Апликациите се поднесуваат до: Архива на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10А, со назнака: до Комисија за финансии, инвестиции и развој (документи по Интерен конкурс за избор на редовни студенти од социјално ранливи категории).

Апликациите се поднесуваат до: 12.12.2025 година.

  1. Квотата на редовни студенти кои имаат право да ja користат оваа погодност се утврдува според финансиската состојба на семејството, со исполнување на условите од страна на родителот/старателот и апликантот и тоа по категориите:

 

За првата категорија (само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените): родителот/старателот да е со месечни примања (по сите основи) во износ до две минимални нето плати исплатени во септември 2025 г.

За оваа категорија потребни се следниве документи:

1а. Потврда за остварена плата на родителот/старателот за последната исплатена плата за септември 2025 година;

1б. За корисник на социјална помош/услуги се доставува последно решение/потврда од Центарот за социјални работи;

1в. За пензиониран родител/старател се доставува документ за висината на пензијата;

  1. Потврда од УЈП за остварени приходи на родителот /старателот;
  2. Извод од матичната книга на родените;
  3. Изјава за согласност за обработка на лични податоци.
  4. Пријава за Конкурс.

 

За втората категорија (починат родител): кумулативно сите месечни примања по основ на плата, пензија и/или социјална помош и семејната пензија да не надминуваат износ од две минимални нето плати исплатени во септември 2025 г.

За оваа категорија потребни се следниве документи:

1а. Потврда за остварена плата на родителот/старателот за последната исплатена плата за септември 2025 година;

1б. За корисник на социјална помош/услуги се доставува последно решение/потврда од Центарот за социјални работи;

1в. За пензиониран родител/старател се доставува документ за висината на пензијата;

  1. За починатиот родител се доставува Извод од матична книга на умрените;
  2. Документ за висина на семејната пензија;
  3. Потврда од УЈП за остварени приходи на родителот /старателот;
  4. Извод од матичната книга на родените;
  5. Изјава за согласност за обработка на лични податоци;
  6. Пријава за Конкурс.

 

За третата категорија (родител/и кому му е одземено родителското право или е исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и обврски): кумулативно сите месечни примања по основ на плата, пензија и/или социјална помош и законската издршка од вториот родител да не надминуваат износ од две минимални нето плати исплатени во ептември 2025 година.

За оваа категорија потребни се следниве документи:

1а. Потврда за остварена плата на родителот/старателот за последната исплатена плата за септември 2025 година;

1б. За корисник на социјална помош/услуги се доставува последно решение/потврда од Центарот за социјални работи;

1в. За пензиониран родител/старател се доставува документ за висината на пензијата;

2а. За родител кому му е одземено родителското право се доставува Решение од надлежен суд;

. За родител кој е исчезнат или привремено или трајно не ги извршува родителските права и обврски се доставува потврда од Центар за социјални работи;

    1. Потврда од УЈП за остварени приходи на родителот /старателот;
    2. Извод од матичната книга на родените;
    3. Изјава за согласност за обработка на лични податоци;
    4. Пријава за Конкурс.

 

За четвртата категорија (двајца студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со родители со минимални месечни примања): двајцата родители да се со месечни примања (по сите основи) кои не надминуваат износ од две минимални нето плати исплатени во септември 2025 година.

За оваа категорија потребни се следниве документи:

1а. Потврди за остварена плата на родителот-те/старателот за последната исплатена плата за септември 2025 година;

1б. За корисници на социјална помош/услуги се доставува последно решение/потврда од Центарот за социјални работи;

1в. За пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензијата;

    1. Потврда од УЈП за остварени приходи на родителите /старателите;
    2. Извод од матичната книга на родените;
    3. Изјава за согласност за обработка на лични податоци;
    4. Пријава за Конкурс;
    5. Потврда за редовни студенти на УГД од двајцата студенти.

  1. Во постапката за избор на редовни студенти Комисијата врши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени апликанти.
  2. Комисијата самостојно креира листа на апликантите на кои им е прифатена, одбиена или отфрлена пријавата (одбиена – ако не исполнуваат услови, отфрлена – ако немаат комплетна/веродостојна документација).

Листата на прифатени и одбиени кандидати се објавува на огласна табла (интернет страницата на Универзитетот) најдоцна до 19.12.2025 година.

  1. Апликантите имаат право на приговор 3 (три) работни дена по објавувањето на листата. Комисијата ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 3 (три) дена. Апликантите кои ги исполнуваат условите предвидени во Конкурсот ја сочинуваат Конечната листа на корисници на плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година.

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на редовни студенти од социјално ранливи категории кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година (.pdf)

 

Пријава за Интерен конкурс (.docx)

ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (.docx)