Search

Соопштение за Докторски семинар на студиските програми на Кампус 4, ПФ, ЕФ, ФОН

Споделете

Се известуваат  заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од трет циклус студии на Правен факултет, Економски факултет и Факултетот за образовни науки, Кампус 4, дека ќе се одржуваат докторски семинари со физичко присуство на ден: 23.12.2025 (вторник), со почеток во 10.00 часот, во судницата на Правен факултет.

  • Пријавите и презентациите да се достават на е-пошта  sladzana.dimishkov@ugd.edu.mkСлаџана Димишков, најдоцна до 22.12.2025 г.
  • Студентите и менторите да го потврдат своето присуство најдоцна до 22.12.2025 г.

 

Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е  задолжително.

За да се одржи докторскиот семинар треба да се пријавени најмалку двајца студенти.

За модератор на докторскиот семинар се определува проф. д-р Јорданка Галева.

Школа за докторски студии