Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од трет циклус студии на Правен факултет, Економски факултет и Факултетот за образовни науки, Кампус 4, дека ќе се одржуваат докторски семинари со физичко присуство на ден: 23.12.2025 (вторник), со почеток во 10.00 часот, во судницата на Правен факултет.
- Пријавите и презентациите да се достават на е-пошта sladzana.dimishkov@ugd.edu.mk – Слаџана Димишков, најдоцна до 22.12.2025 г.
- Студентите и менторите да го потврдат своето присуство најдоцна до 22.12.2025 г.
Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.
За да се одржи докторскиот семинар треба да се пријавени најмалку двајца студенти.
За модератор на докторскиот семинар се определува проф. д-р Јорданка Галева.
Школа за докторски студии


