Search

Соопштение за заверка на непарен (тековен) и упис на парен (нареден) семестар во учебна 2025/2026 година

Споделете

Се информираат студентите на прв, втор и трет циклус студии дека заверката на непарниот (тековен) и уписот на парниот (нареден) семестар во учебната 2025/2026 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во периодот:

  • од 24.12.2025 година до 19.1.2026 година – заверка на непарен семестар;
  • од 24.12.2025 година до 16.2.2026 година – упис на парен семестар.

 

Прв циклус студии

Заверка на непарен семестар

Предуслови за заверка на непарен семестар се:

– Платени трошоци за партиципација (и сите други трошоци/долгови) за непарниот семестар;

– Електронски потпис по сите предмети за редовните студенти. Постои можност за купување најмногу до 2 потписи (100 денари од кредит на приходна шифра 723019);

– Пријавени проектни задачи по сите предмети (100 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013);

– 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основа партиципација или друга основа).

Напомена:

  • General medicine и Pharmacy in English language – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113, која е неопходно да биде целосно платена при заверката на непарниот семестар, за истиот тој семестар.
  • Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација + останати) на приходна шифра 723113

 

Упис на парен семестар

Предуслови за упис на парен семестар:

– Заверен непарен семестар;

– Расположливи средства од:

Напомена:

  • General medicine и Pharmacy in English language – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113 (најмалку половина од износот кој е предвиден за цел семестар);
  • Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација најмалку половина од износот кој е предвиден за цел семестар) + останати трошоци на приходна шифра 723113 + административна такса.

 

Втор и трет циклус на студии

Заверка на непарен семестар

Предуслови за заверка на непарен семестар се:

– Пријавени проектни задачи по сите предмети (1000 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013) – ова важи само за втор циклус студии!

– 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основа партиципација или друга основа).

 

Упис на парен семестар

Предуслови за упис на парен семестар:

– Заверен непарен семестар;

– Расположливи средства од: