Search

Повик за транснационална студентска пракса за претприемништво

Споделете

Инкубаторот ARIES (Applied Research, Innovation, and Entrepreneurship Support) претставува платформа на алијансата ACE²-EU, чија цел е поттикнување на прекугранична и интердисциплинарна соработка во областа на претприемништвото.

Преку Академијата за претприемништво ги покануваме студентите да се пријават на Транснационалната студентска пракса за претприемништво, која нуди практично, искуствено учење и ја поврзува теоријата со реалната пракса преку меѓународна соработка, менторство и мобилност.

ДАТУМИ:

23 – 27 март 2026 година.

ДОМАЌИНИ:

3 институции (една недела) изберете ја вашата дестинација:

  • Медицински универзитет во Гдањск, Полска
    Здравствена индустрија и одржливост
    ➝ наменето за студенти со интерес за претприемништво;
  • Латвиска академија за култура, Латвија
    Креативна индустрија и одржливост
    ➝ наменето за студенти со интерес за претприемништво;
  • Технички универзитет Инголштат, Германија
    Автомобилска индустрија и одржливост
    ➝ наменето за студенти кои веќе имаат развиени бизнис идеи.

 

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

15 февруари 2026 година, до 23:59 часот (CET).

 https://forms.gle/V9Eybp4avhaccYGMA

 КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА:

  • Студенти од сите нивоа на студии;
  • Студенти со интерес за претприемништво и желба за основање сопствен бизнис;
  • Студенти со постоечки бизнис идеи кои сакаат да ги развијат и унапредат.

 

ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ:

Од идеја до реализација
Претворете ги вашите стартап идеи во конкретни решенија преку практични работилници и менторска поддршка од експерти.

Реално претприемничко искуство
Остварете директен контакт со индустриски екосистеми преку студиски посети, вмрежување и менторство, поврзувајќи ја теоријата со праксата.

Развој на клучни претприемнички вештини
Зајакнете ги вашите вештини за тимска работа, лидерство и презентирање (pitching) преку работа во интернационални и мултидисциплинарни тимови.

Унапредување на бизнис идеи
Развијте и усовршете ги вашите стартап концепти или прототипи со поддршка од колеги, ментори и претставници од индустријата.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Секој универзитет располага со ограничен број места за учество. Изборот на учесниците ќе го врши матичната институција на студентите.

За дополнителни информации, обратете се до: darko.lazarov@ugd.edu.mk, emilija.miteva@ugd.edu.mk