Search

Презентација: Запознајте ја Франција и можностите за образование и научноистражувачка соработка

Споделете

Утре (10 март 2026 г.) во 12 часот ќе одржи презентација госпоѓа Сузана Пешиќ од Амбасадата на Република Франција.

Презентацијата ќе биде на тема „Запознајте ја Франција и можностите за образование и научноистражувачка соработка“.

Ве покануваме на презентација посветена на Франција, нејзиниот образовен систем и можностите што ги нуди во областа на високото образование и научноистражувачката работа.

На презентацијата ќе бидат претставени:

  • францускиот високообразовен систем и различните типови високообразовни институции;
  • можностите за студирање и академска мобилност;
  • програмите за стипендии и научноистражувачка соработка;
  • практични информации за студентскиот и академскиот живот во Франција.

Презентацијата е наменета за студенти, млади истражувачи, наставници и сите заинтересирани академски граѓани кои сакаат да се запознаат со можностите за образование и научна соработка со Франција.

📍 Место: Тренинг центар (Правен факултет)
📅 Датум: 10 март 2026 г.
🕛 Време: 12:00 часот

Добредојдени се сите заинтересирани.