Универзитетско студентско собрание (УСС)
Универзитетското студентско собрание е тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите. Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите и преку свои претставници учествува во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамките на високото образование како членови на академската заедница.
Универзитетското студентско собрание е составено од претставници на студентите, именувани од редот на претставниците избрани во Факултетското студентско собрание.
Факултетските студентски собранија и студентските собранија на високите стручни школи именуваат по двајца претставници во Универзитетското студентско собрание на Универзитетот.
Претседател на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание.
Претседател на УСС
Станела Гацова е претседателка на Универзитетското студентско собрание. Таа е студентка на втор циклус студии на Факултетот за информатика.
Контакт: stanela.210231@student.ugd.edu.mk
Сенатори
Членови на Универзитетски сенат од редот на студентите:
Андреа Василоска
студентка на Факултет за медицински науки – трета година на студии;
Кристина Петрова
студентка на Факултет за информатика – четврта година на студии;
Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип сè поактивно ги користат можностите за меѓународна мобилност преку Европската универзитетска алијанса ACE2EU,...
Студентите од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип сè почесто ги користат можностите што ги нуди ACE2EU алијансата за меѓународна размена,...
Четворица студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во текот на изминатата недела беа дел од меѓународна студентска мобилност во...