Search

Претставници од УГД на Работилница за родова еднаквост во Латвија

Споделете

Во периодот од 27 до 29 април 2026 година, на Латвиската академија за култура успешно се реализираше првата Работилница на ACE²-EU Alliance Knowledge Creation Team посветена на родовата еднаквост.

На настанот учествуваа студенти, академски кадар и надворешни партнери од девет партнерски универзитети, меѓу кои и претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Елена Максимова, проф. д-р Милица Шутова и докторанд Розе Сурловска-Ристевска. Преку работа во интернационални тимови, учесниците дискутираа за актуелните предизвици и можностите за идна соработка во унапредувањето на родовата еднаквост.

Работилницата овозможи отворен дијалог за прашања поврзани со родовиот идентитет, самоизразувањето, односите на моќ, нееднаквоста во платите и предизвиците на пазарот на труд, со посебен акцент на создавање инклузивна и безбедна средина за сите учесници.

Соработката продолжува и по завршувањето на работилницата, преку редовни онлајн состаноци и заедничка работа на интернационалните тимови, со можност за вклучување на нови учесници и експерти заинтересирани за темите поврзани со родовата еднаквост.

Програмата беше реализирана во рамки на SPACE Centre Social Impactors strand и претставува нов модел на соработка кој ќе биде основа и за идни работилници посветени на теми како култура и различности, социјална благосостојба, почит и достоинство.