УГД се вклучува во најмасовната еколошка акција во регионот ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.
Овој проект од 2021 година до денес прерасна во национално движење со учество на преку 100.000 волонтери.
Денес „Генералка викенд“ обединува 81 општина, над 600 граѓански организации и спортски клубови, сите образовни институции, министерства и еминентни приватни компании
„Генералка викенд 2026“ ќе се реализира на 8, 9 и 10 мај.
Оваа година Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се вклучи активно во акцијата која е планирана за петок, 8 мај, во 10 часот на локациите: Кампус 2 и Кампус Економски факултет.
Сите заинтересирани можат активно да се вклучат во акцијата „Генералка викенд“ на горенаведените локации.


