Search

Амбасадорката на НР Кина, нејзината екселенција Џијанг Сјаојан, оствари протоколарна посета на УГД

Споделете

Во протоколарна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денес престојуваше амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, нејзината екселенција Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan).

Во рамките на посетата, амбасадорката се сретна со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски. Амбасадорката Сјаојан имаше можност да посети дел од факултетите на УГД, како и Кампус 2 на Универзитетот.