На 8 јуни 2026 година, со почеток во 11 часот, во зградата на Економски факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ ќе се одржи Информативен настан посветен на европските програми COST и Horizon Europe, со фокус на можностите за меѓународна научноистражувачка соработка, вмрежување и финансирање на истражувачки и иновативни проекти.
Во рамки на настанот ќе бидат реализирани следниве презентации:
1) Презентација на програмата COST,
Александар Тутновски,
национален координатор за COST;
2) Презентација на програмата Horizon Europe,
Ксенија Хаџи Тосева-Аврамчева,
помошник-раководител во Сектор за меѓународна соработка,
национален координатор на Horizon Europe.
Настанот е наменет за академската заедница на Универзитетот „Гоце Делчев“, со цел запознавање со можностите што ги нудат европските програми за научноистражувачка соработка, мобилност, вмрежување и учество во меѓународни проекти.
Преку овој настан, учесниците ќе имаат можност да се информираат за актуелните можности за учество во европски иницијативи и за начините на воспоставување нови научни и институционални партнерства.


