Дојдете, запознајте ги вашите колеги и направете го првиот чекор кон вашата академска приказна!
📅 Датум: 1.10.2026 г.
⏰ Време: 10:00 часот.
📍 Локација: Плато пред Мултимедијалниот центар – УГД
📌 Каде треба да дојдете?
Плато пред Мултимедијалниот центар на УГД
🗺️ ШТО СЛЕДУВА ПО ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС?
По заедничкиот Прв академски час, студентите ќе продолжат кон своите факултети на приемен час.
На овој час ќе добиете важни информации за:
- вашиот факултет и студиската програма;
- организацијата на наставата;
- распоредот и начинот на следење на наставата;
- студентските права и обврски;
- комуникацијата со професорите и службите;
- студентските сервиси и можности што ги нуди УГД;
- сè што треба да знаете за вашиот прв семестар.
📍 ЛОКАЦИИ И ТЕРМИНИ ПО ФАКУЛТЕТИ
- Пронајдете го вашиот факултет и кликнете на неговото име за да ја отворите локацијата, а потоа проверете во која просторија и во колку часот ќе започне приемниот час.
Кампус 1
- Музичка академија – Концертна сала на Музичка академија, со почеток во 12:30 часот;
- Ликовна академија – Ателје на Ликовна академија, со почеток во 12:30 часот;
- Филмска академија – Дом на АРМ, Скопје, со почеток во 12:30 часот.
Кампус 2
- Факултет за природни и технички науки – Амфитеатар 1, Кампус 2, со почеток во 12:30 часот;
- Факултет за информатика – Амфитеатар 2, Кампус 2, со почеток во 12:30 часот;
- Земјоделски факултет – Свечена сала на Земјоделски факултет, Кампус 2, со почеток во 12:30 часот;
- Машински факултет – Предавална 14, Кампус 2, со почеток во 12:30 часот;
- Електротехнички факултет – Предавална 13, Кампус 2, со почеток во 12:30 часот;
- Технолошко-технички факултет – Предавална 15, Кампус 2, со почеток во 12:30 часот.
Кампус 3
- Факултет за медицински науки – Амфитеатар 3 и 4, Кампус 2, според следниов распоред:
- 12:30 часот – студенти запишани на студиската програма Општа медицина;
- 13:00 часот – студенти запишани на студиските програми Дентална медицина, Фармација, Медицински сестри, Акушерки, Забни техничари, Медицински лаборанти, Физиотерапевти и Оптометрија и очна оптика).
Кампус 4
- Економски факултет – Мултимедијален центар на Економски факултет, со почеток во 12:30 часот;
- Правен факултет – Свечена сала на Правен факултет, со почеток во 12:30 часот;
- Факултет за туризам и бизнис логистика – Амфитеатар 1, Кампус 4, со почеток во 12:30 часот;
- Факултет за образовни науки – Свечена сала на Факултет за образовни науки, со почеток во 12:30 часот;
- Филолошки факултет – Библиотека на Филолошки факултет, Кампус 4, со почеток во 12:30 часот.


