Search

Учество на Земјоделски факултет на ACE2-EU работилница во Каунас, Литванија

Споделете

Во периодот од 22 до 24 септември 2026 година, доц. д-р Билјана Атанасова од Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на ACE2-EU ARC Knowledge Creation Team Workshop #5 – „Green Circular Economy & Bio-Based Materials“, одржан во Lietuvos Inžinerijos kolegija (LIK) во Каунас, Литванија.

Работилницата обедини истражувачи од различни институции во рамките на Алијансата ACE2-EU, со цел размена на знаења и искуства, развивање на проектни идеи и создавање нови можности за меѓународна истражувачка соработка.

Во рамки на работилницата, доц. д-р Билјана Атанасова ја претстави својата проектна идеја „From agricultural by-products to sustainable crop protection solutions“, насочена кон искористување на земјоделските нуспроизводи за развој на одржливи решенија во заштитата на растенијата.

За време на оваа тридневна работилница, учесниците имаа можност да ги унапредат своите проектни идеи, да работат на подготовка на проектни предлози и да стекнат практични знаења за критериумите за евалуација на Horizon Europe – Excellence, Impact and Implementation. Посебно внимание беше посветено и на можностите за меѓународна истражувачка соработка преку EUREKA проектите и COST Actions.

Учеството на доц. д-р Билјана Атанасова претставува значајна можност за презентирање на сопствени истражувачки идеи, меѓународно научно вмрежување и развивање нови партнерства за идни европски проектни иницијативи.