Годинава Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го забележа најмасовното учество на Скопскиот ВИЗ ЕР маратон.
Вкупно 64 учесници – студенти, наставници и административен кадар – трчаа на трките на 5 километри, полумаратонот (21 километар) и на маратонот (42 километри). Како и секогаш, најмасовно беше на рекреативната трка на 5 километри, каде што вкупно 46 учесници го претставија тимот на УГД и имаа своевиден тим билдинг. Во женска категорија на 5 километри, во конкуренција на тимови, тимот на УГД Спорт го освои високото 8. место, а во машка конкуренција – 35. место.Висок пласман беше забележан и на полумаратонот, каде што во женска конкуренција УГД се пласираше на 13. место, а машка на 39. место.
Ова беше уште едно успешно учество и претставување на УГД на најмасовниот тркачки настан во Македонија, во организација на Спортскиот и културен центар.


